Насловна / Дневни Вести / Поставен камен-темелник за изградба на нов мост меѓу Ѓорче Петров и Сарај

Поставен камен-темелник за изградба на нов мост меѓу Ѓорче Петров и Сарај

most-saraj-star_thumb.jpg

Скопје – На метар и половина од постоечкиот Железен мост, кој ги поврзува населбите Ѓорче Петров и Сарај, денеска беше поставен камен-темелник за изградба на нов поврзувачки објект.
Новиот мост ќе биде армирано-бетонски со вкупна должина од 50 метри во три распони. На него ќе биде изграден коловоз со две сообраќајни ленти со ширина од по три метри и половина и велосипедска патека во ширина од 2,5 метри, како и пешачки патеки.


На мостот, кој е инвестиција вредна 96,8 милиони денари, ќе работат екипите на
градежната компанија „Гранит“. Средствата за неговата изградба се обезбедени од
Град Скопје, општина Сарај и Владата на Република Македонија.


Рокот на изградба на новиот мост чија заштитна ограда ќе се состои од челични
столбчиња, а ќе биде осветлен со канделабри е една година. (МИА)

most-saraj-star.jpg

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top