Насловна / Дневни Вести / Почна имплементација на проект за зајакнување на капацитетите за управување со отпад

Почна имплементација на проект за зајакнување на капацитетите за управување со отпад

upravuvanje_so_otpad.jpgСкопје - Министерството за животна средина и просторно
планирање од денеска почна да го имплеметнира проектот „Зајакнување на
административните капацитети на централно и локално ниво за имплементација и
примена на законодавството за управување со отпад“ со
 финансиска поддршка од Европската унија.

Целта на проектот, според министерот Неџати Јакупи, е да се надмине постоечката состојба и да се
воспостави одржлив систем за управување со отпадот во согласност со барањата на
Европската унија.

Евроамбасадорот Ерван Фуере
денеска на церемонијата за почетокот на проектот истакна дека
 ЕУ не работи на заштита на животната
средина само за да ја зачува нејзината убавина, туку и да обезбеди висок
стандард и квалитетен живот за граѓаните.

- Во некои земји на ЕУ
загадувањето има убиено луѓе и направено огромни штети. Трба да се спречи
отпадот, а тоа што не може да се спречи, да биде рециклирано и повторно
употребено, рече Фуере.

Тој додаде оти главните
предизвици на земјата во однос на еколошките прашања се поврзани со
 усогласување со законодавството на ЕУ, зголемување на административните капацитети на
институциите на централно и локално ниво за негово спроведување.
 

- Согласно стратегијата за
апроксимација и имплементација на животната средина за Македонија проценетите
трошоци за целосна имплементација, транспонирање и спроведување е околу 2,3
милјарди евра. Тоа е повеќе од 1.000 евра по жител и е 30 отсто од бруто
домашниот производ, истакна Фуере.

Проектот „Зајакнување на административните
капацитети на централно и локално ниво за имплементација и примена на
законодавството за управување со отпад“ е раководен од конзорциумот Рамбол,
Данска и групацијата Аналитикал Креатив. (МИА)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top