Насловна / Вести / IEA: Енергетската ефикасност треба да биде темел на енергетиката

IEA: Енергетската ефикасност треба да биде темел на енергетиката

Примената на вистинската политика за енергетска ефикасност, би можела, да ги намали емисиите на стакленички гасови, дури и во случај на удвојување на светската економија до 2040. Ова е заклучокот од новата анализа на Меѓународната агенција за енергија IEA (International Energy Agency). Со зголемувањето на енергетската ефикасност во светот до 2040 година, ќе може двојно повеќе да се искористи економската вредност на енергијата, во споредба со денешната состојба. Со тоа, потрошувачката на енергија би се намалила за над 500 милијарди УСД годишно, и би се намалил увозотна енергија и загадувањето во градовите. Извештајот ја покажува визијата за 2040 година, со 60% повеќе градежен простор и 20% повеќе население, двојно зголемен БДП, со користење на само малку повеќе енергија од денес и 12% пониски емисии на стакленички гасови. За да се оствари тоа, потребно е да се продолжи со подобрување на енергетската ефикасност кај автомобилите, камионите и клима уредите (кои можат да бидат двојно поефикасни од сегашните). Глобалната инвестиција во енергетската ефикасност ќе мора значително да се зголеми, но ќе се врати тројно преку намалената потрошувачка нa енергија. Според тоа, треба да се подобри енергетската ефикасност на зградите и индустријата, како и авиосообраќајот и поморскиот сообраќај, каде енергетската ефикасност добива се поголемо значење.

iea1

iea2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top