Насловна / Вести / И Statoil го менува името

И Statoil го менува името

Норвешкиот нафтен и гасен гигант Statoil го менува своето име. Како што се истакнува, со новото име  Equinor  ќе се означи пресвртот на компанијата кон новата енергетска иднина, која повеќе се потпира на примената на обновливите извори на енергија. Новото име, ќе биде предложено на акционерите на состанокот кој е закажан за 15.05.2018, при што најголемиот акционер – норвешката влада веќе ја поддржа промената. Инаку, компанијата веќе сериозно учествува во проекти од областа на обновливите извори на енергија, а особено работи на енергијата од ветерот. Слично ребрендирање пред неколку месеци направи уште една скандинавска енергетска компанија. Тоа е данскиот DONG Energy , кој сега се вика Ørsted.
statoil 1
Statoil 2

Испрати коментар

Scroll To Top