Насловна / Вести / Волонтерски активности во Кавадарци за подобрување на енергетската ефикасност на објект

Волонтерски активности во Кавадарци за подобрување на енергетската ефикасност на објект

Во Кавадарци денеска се одржуваат волонтерски активности за изградба на нова фасада кај зграда во центарот на градот, како и реновирање на катот во кој се сместени две пензионерски здруженија. Целта е подобрување на енергетската ефикасност на објектот.

Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија, изрази задоволството што француската компанија Saint-Gobain ги избрала за партнер во проектот, во кој се вклучени и изведувачот,  локалните пензионери, станарите во зградата и општината со своја партиципација во дел од трошоците.хабитат

– Такви видови на партнерства не е лесно да се организираат и да се спроведат и јас сум навистина среќен што тоа во Кавадарци се одвива според планот, нагласи Костов.

Директорот за комуникации на Saint-Gobain, Ласко Лауко рече дека се горди што имаат можност да донираат во овој проект.

– Веруваме дека на овој начин помагаме на локалните жители и на тој начин ги подобруваме нивните животи. Воедно работиме и на одржливост на самата енергија. Оттаму, сметам дека ваквата донација и самиот волонтерски ден ќе бидат добар пример за останатите компании, да се продолжи со ваквата пракса и во иднина, нагласи Лауко.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top