Насловна / Арт и дизајн / И до 400.000 долари за дело на Бaнкси во САД

И до 400.000 долари за дело на Бaнкси во САД

На аукција во Лос Анџелес, се очекува делата на Бaнкси да достигнат и до 400.000 американски долари. Делото под името „Бомб Мидл Ингланд“, е дел од збирката заедно со оние на авторите Шепард Фејри, Демијен Херст и Дејвид Хокни. Аукцијата ќе се одржи на Беверли Хилс на 16-ти март. Се смета декa ова дело на мистериозниот уметник од Бристол е создадено во 2003 година. Прикажува група стари жени како куглаат користејќи бомби наместо кугли. И некои предмети на Бaнкси се вклучени на оваа аукција, како на пример оригинален рачно сечен шаблон од хартија кој е користен за создавање на неговите слики на глувци кои се појавија во Лондон во средината на 2000- тите. Се очекува дека ќе се продаде за сума помеѓу 30.000 и 50.000 долари.

banksy1

banksy2

banksy3

Испрати коментар

Scroll To Top