Насловна / Архитектура / Хотел во Сплит добитник на наградата Big SEE Architecture Award

Хотел во Сплит добитник на наградата Big SEE Architecture Award

Хотелот Briig во Сплит, дело на архитектите Маја Тедесчи и Дамир Рако ја освои угледната награда Big SEE Architecture Award 2020,  во категорија најдобри архитектонски остварувања во сферата јавни згради. Наградата ја препознава и истакнува особеноста во архитектурата, а ја доделува BIG, словенечка организација за промоција на архитектура.

bring1

„Наградата ја доживеав како големо признание, чест ми е да бидам во друштво на познати и угледни имиња на европската архитектура“, вели Маја Тедесчи за хрватскиот „Јутарњи лист“ и додава, „ова признание за проект за хотелот Briig, кој авторски го потпишуваме Дамир Рако и јас, со многу соработници, е јасна потврда дека нашиот современ обликовен речник во точен дијалог со традиционалниот контекст на големиот град Сплит, препознаен е како важен и единствен можен начин на архитектонското изразување во 21. век“.

brig8

„Секако дека таква архитектонска современост и модерност ги прераснува рамките на сопствената функција и појавност; таа рефлектира цела низа општествени вредности од мултикултуралност, толеранција, вклученост и создава проекција за понатамошно промислено и организирано развивање на еден важен медитерански град“ – истакнува архитектицата.

bring2

Хотелот Briig е впечатлива бела зграда со асиметрични линии. Преку влезот се приоѓа до отмена рецепција. Во лобито доминираат монументални завиени црни скали.

bring4 bring6

Мебелот и расветата од реномирани светски дизајнери, каменот од северна Италија, плакатите на Борис Буќан, графиките на Јулио Книфер и инсталациите на Александар Срнец се само некои од истакнатите детали.  Срцето на хотелот го претставува искршен атриум како фасадата, и е посвета на јапонскиот уметник Ногучи, на неговата прочуена искршена, хартиена светилка.

split2

Отворот во средина на објектот се протега до стаклениот кров, а ги поврзува внатрешните ходници и 59. соби сместени на пет ката.

brig7

Добитниците на наградата SEE Architecture ќе бидат прогласени на фестивалот BIG на 16. октомври оваа година во City of Design во Љубљана.

bring5 split4 bring3 split1

Испрати коментар

Scroll To Top