Насловна / Архитектура / Хотел „Буши ресорт и спа“ – урбана оаза во Старата чаршија

Хотел „Буши ресорт и спа“ – урбана оаза во Старата чаршија

_DSC0967

Кога преку Камениот мост од скопскиот плоштад ќе поминете низ влезот на Старата скопска чаршија, како да влегувате во некој друг свет. Иако има раздвиженост, се чувствува смиреност и се е некако побавно. Овде утрата мирисаат на тукушто сварено кафе, на бурек и симит погача._DSC0970

Подоцна се појавуваат мирисите на кебапите на Дестан, и разноразните специјалитети од другите кафеани. Се слушаат, иако поретко, звуците на ковачите и лимарите, се довикуваат мајсторите. Но вистинското богатство на чаршијата се крие низ тесните и кривулести улички, живописниот изглед на дуќаните, старите анови, цркви и џамии._DSC1000

Ја сакам Старата чаршија. Тука како сè уште да не е уништена душата на градот, место каде што многу работи започнуваат и завршуваат. Опстојува се уште, иако има загубено доста од својот шарм во ова време на транзиција, а многу стари занаети исчезнаа засекогаш од овие простори. Чаршијата привлекува голем број луѓе, особено туристи. Во неа се тргува, но таа е и место за одмор, прошетки, средби.

Сакам да шетам по нејзините улички, да гледам во излозите на дуќаните и во луѓето што минуваат. Уличките ве предизвикуваат да шетате, да разгледувате и откривате места кои не сте ги забележале порано. Ова е дел од Скопје кој чиниш, како да живее во времето кога е создаден. Се чини како времето да застанало овде и дека нема некои големи промени. Но и тука, од време на време се гради._DSC1119

Еден од новоизградените објекти во Старата чаршија е хотелот „Буши ресорт и спа“. Сместен на атрактивна локација, во старото јадро на чаршијата, веднаш под Мустафа пашината џамија, во соседство со црквата Свети Спас, повеќе од една година работи успешно овој хотел со 5 ѕвездички. Хотелот има 48 соби. Однадвор тој изгледа воздржано, вклопен во опкружувањето, но веќе внатре чувството е сосема поинакво. Замислен како урбана оаза, хотелот нуди одмор од хаосот на градот. Собите, рецепцијата, рестораните како и останатите простории во хотелот визуелно се раскошни и елегантни, опремени со модерен мебел, со изобилство на текстури и нијанси на бои._DSC0995 _DSC0996

Посебен акцент е ставен на севкупниот амбиент и естетско доживување на просторот, во кој секоја просторија се третира поединечно, со што се создава посебна атмосфера. Собите за гости се светли и прозрачни, а ходниците се малку затемнети и мистични._DSC1002 _DSC1001

Она што веднаш го привлекува вниманието на посетителите на овој хотел се поставените и со вкус избрани уметнички слики, внимателно поставени низ целиот хотел, како и лустери и украси на Swarovski elements. Влијанието на уметноста врз естетиката на хотелот е присутна низ целиот простор, и заедно со архитектонските елементи создава на моменти драматични контрасти и разиграни просторни секвенци кои експериментираат со различни аспекти на светло.

Светлото во проектот игра важна улога, особено интересен детаљ се оградите на скалите направени од оникс и осветлени од внатре. Заедно со деталите од Swarovski elements, поставените витражи и уметнички интервенции придонесуваат просторот да зрачи со современост и космополитизам._DSC1140

Ѕидовите се обоени во бела боја, што е во контраст со подовите обложени со гранит, мермер или травертин во потемни нијанси. Многу од ѕидовите и столбовите се обложени со дрво во боја на венге._DSC1138

Хотелот во целост е опремен со слична палета на бои и текстура, со што се создало едно интимно опкружување во кое посетителите се чувствуваат како во елегантно уреден дом, за разлика од класичните и конфекциски уредени хотелски соби на кои сме навикнале. Присутноста на камен, гранит, мермер, стакло, облоги од дрво и начинот на нивната примена, оддаваат почит кон архитектурата на чаршијата и градот во кој се наоѓаат._DSC1130

Фантазијата и реалноста комуницираат совршено вклопени низ уметничките интервенции и секојдневните предмети. Со својот единствен пристап, хотелот „Буши ресорт и спа“ ветува препознатлива понуда каква што досега не сте доживеале, а која ќе ги задоволи и најпробирливите гости. Впрочем, хотел со 5 звездички мора да ја оправда профинетоста и богатството во изразот и примената на материјали, како што ја наметнува намената на овој хотел._DSC1136

Хотелот располага со ресторан за гостите што ноќеваат во него, како и ресторан кој е отворен за поширока публика. Со извонредната локација на хотелот, кој изгледа како да ја надвиснува чаршијата и визуелната и стварната физичка поврзаност со неа, од вториот ресторан се пружа прекрасен поглед кон Старата чаршија и градот. Навечер, кога ќе се запалат светлата низ градот глетката е уште поубава, мистична и романтична._DSC1110

Во рамките на хотелот се наоѓа извонредно опремен спа центар, со внатрешен базен, парни бањи, солена соба, сауна како и соби за тајландска масажа. И, она што овој хотел го чини поинаков од останатите во градот, е неговата преубава надворешна тераса наменета за сите оние што во скопските топли денови сакаат да пијат кафе и да се дружат на свеж воздух. Сместена помеѓу хотелот и високиот ѕид од камен подигнат спрема Мустафа пашината џамија, оваа тераса нуди мир и поглед кон џамијата и убавата и необична фонтана сместена во аголот кон влезот, уште еден архитектонски детаљ кој го чини овој хотел поинаков._DSC1105 _DSC1108

Хотелот е граден четири години во духот на традицијата на чаршијата. Заедно со архитектот Биљана Јорданова, идеите ги добивале патувајќи низ светот и гледајќи многу светски хотели, вели Лалип, најстариот од браќата Буши. Хотелот веќе ја потврди својата успешност кога е прогласен за најдобар хотел во Македонија. Неговиот ресторан во изборот за најдобар ресторан е прогласен за втор најдобар во македонската богата понуда на ресторани._DSC1093 _DSC1085 _DSC1122 _CSC1186_DSC0959_DSC1003

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top