Насловна / Архитектура / Холандски музеј со патеки на зелениот покрив

Холандски музеј со патеки на зелениот покрив

muzej so zelen pokriv (2)

По осум месеци од реновирање, музејот Biesbosch во холандскиот град Werkendam повторно е отворен за посетители… , овој пат и на покривот.muzej so zelen pokriv (3)

Музејот посветен на природата и на регионот во кој се наоѓа, е опкружен со вода од сите страни. Како мал рид, реновираниот музеј се издига над пејзажот правејќи ја глетката необична. За реконструкцијата на музејот била задолжена холандската фирма Studio Marco Vermeulen, по чија интервенција веќе музејот го посетиле 30.000 посетители.muzej so zelen pokriv (5)

Појдовна точка во процесот на реконструкција била идејата да се задржи оригиналната хексагонална структура, со цел да се избегне непотребно губење на материјали и енергија. Исто така, една од основните ставки била и надоградба на анексот на југозападната страна.muzej so zelen pokriv (4)

Најатрактивниот сегмент на музејот е секако зелениот покрив, на кој има пешачка патека која води до видиковец, кој гледа на околниот парк. Фасадата и покривот, кој во голем дел е покриен со зеленило, го „крши“ големиот стаклен ѕид кој отвора поглед кон внатрешноста на музејот.muzej so zelen pokriv (12)

Анексот на музејот има стаклена фасада зад која се крие нов, музејски ресторан со фантастичен поглед на островот и околната водна површина.

Освен ресторанот, во новиот дел на музејот постои мултифункционален простор кој се користи првенствено за повремени изложби.

muzej so zelen pokriv (6)

Постојаната поставка е поставена на местото на некогашниот шестоаголен павилјон.muzej so zelen pokriv (9) muzej so zelen pokriv (10) muzej so zelen pokriv (11) muzej so zelen pokriv (8) muzej so zelen pokriv (7) muzej so zelen pokriv

Испрати коментар

Scroll To Top