Насловна / Вести / Хидроенергијата од Норвешка, значајна за цела Европа

Хидроенергијата од Норвешка, значајна за цела Европа

Норвешка произведува дури 90% од својата електрична енергија во хидроелектраните, што ја вбројува меѓу наиодржливите и енергетски најнезависни земји во Европа. Благодарение на тоа, таа игра значајна улога во европската борба против климатските промени. Токму со значењето на Норвешка за остатокот од континентот кога станува збор за оваа тема, се занимавал Институтот Фраунхофер за економија на енергијата и технологија на енергетските системи (IEE) во истражувачкиот проект HydroConnect.

Со поморски енергетски кабли, Норвешка е поврзана со електроенергетските системи на Холандија, Данска, Германија и Велика Британија, што овозможува голема флексибилност во располагањето со енергијата. Од Институтот Фраунхофер истакнуваат дека Норвешка особено е во предност во однос на складирањето на енергијата. Анализата покажала дека дококлу се додадат 11 GW хидроенергија во Норвешка и со прошират интерконекторите, може сериозно да се намали потребата од дополнителни инвестиции во енергетиката во остатокот од Европа.

 

Испрати коментар

Scroll To Top