Насловна / Вести / „Гугл“ со итни пораки ќе ги предупредува корисниците за катастрофи

„Гугл“ со итни пораки ќе ги предупредува корисниците за катастрофи

„Гугл“ планира да воведе нов систем со кој би ги предупредувал корисниците на катастрофи, терористички напади и разни други кризи на кои би можеле да бидат изложени.

„Ако корисниците побараат локација или некој настан на кој има кризна ситуација, на самиот врв на пронајдените резултати од пребарувањето ќе им се појави итно предупредување“, рекол потпретседателот на инженерскиот оддел на „Гугл“, Јоси Матијас.Google apps on Android phone

Предупредувањето ќе содржи мапа, нови извештаи и информации од властите, како и важни итни телефонски броеви.

Информациите што ќе ги испраќа „Гугл“ ќе пристигнуваат од властите или од организации, како, на пример, Црвениот крст, метеоролошки агенции и други доверливи извори.

Испрати коментар

Scroll To Top