Насловна / Вести / Greenpeace бара Бугарија да го напушти јагленот веќе во 2030 година

Greenpeace бара Бугарија да го напушти јагленот веќе во 2030 година

Додека министерката за енергетика Теменушка Петкова, ја застапува тезата дека електраните на јаглен треба да опстанат до 2050 година, поради енергетската и националната сигурност, Greenpeace инсистира Бугарија да ги затвори овие погони најдоцна во 2030 година. Координаторот на организацијата за енерегтски решенија во оваа земја Балин Балинов, за  Bloomberg TV Bulgaria изјавил дека тоа е доволно долг период, но дека сите заинтересирани страни мора да се посветат на оваа цел. „Властите во регионите зависни од јаглен, синдикатите, Министерството за енергетика, премиерот и невладиниот сектор, мораат да се сложат околу планот за напуштање на јагленот“, подвлекол Балинов.  Greenpeace Bulgaria очекува законодавни решенија во согласност со правилата на Европската унија и воведување на концептот на учество на граѓаните во енергетиката.

‘GetUpAnd’ Global Day of Action in Bulgaria

Тоа значи дека поединци би добиле можност да произведуваат енергија за себе и да станат прозјумери, или како домаќинства или во рамките на енергетските задруги. Балинов го наведува примерот на Грција, каде трансформацијата веќе е започната. На почетокот на август, Greenpeace Bulgaria одржа протест на фудбалското игралиште во Перник, кое е зафатено со мајската поплава откако попуштила браната на басенот со отпад од термоелектраната „Република“. Отпадна вода со шљака, покрила скоро девет хектари површина, а блиските населби се евакуирани.  На протестот, симболично е врачен црвен картон на индустријата за јаглен.  Демонстрантите обрнале внимание и на други инциденти кога загадени материи продреле во околината, како и на секојдневното ширење на честичките прашина, и ги истакнале социјалните, економските и последиците по животната средина кои ги предизвикува работењето на овој индустриски сектор. Greenpeace упатил апел за проценка на влијанието врз животната средина на проектите за депонирање на пепел и шљака во старите рудници во оваа област, каде се планира сместување на отпадот од термоцентралите „Бобов Дол“ и Марица Исток 2“.

greenpeace3

greenpeace1

 

Испрати коментар

Scroll To Top