Насловна / Вести / Градоначалникот на Охрид за инфраструктурните проблеми со мештаните

Градоначалникот на Охрид за инфраструктурните проблеми со мештаните

Од Општина Охрид соопштуваат дека градоначалникот на Охрид, Д-р Јован Стојаноски вчера вечер имал средба со жителите на село Пештани.
На состанокот се разговарало за решавање на урбанистички и инфраструктурни проблеми. Пештанци покажале посебен интерес за решавање на деветгодишниот проблем којшто се однесува на донесување детален урбанистички план. Се разгледувале и можностите за доуредување на езерскиот кеј, асфалтирање и поплочување на дел од уличките. Се вели во соопштението.
Исто така соопштуваат дека претходно и секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски со претставници од надлежните општински служби и дел од директорите на јавните претпријатија имал средба со мештаните на урбаните заедници Елшани и Елешец. На средбата беше побарано реконструкција на кровот на подрачното училиште на ОУ „Св. Наум Охридски“ при што беше укажано дека поради несредени имотно првани проблеми нема можност за брза интервенција. Меѓу другото се разговараше и за изградба и реконструкција на потпорни ѕидови во ова село.

оххх

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top