Насловна / Архитектура / Градоначалникот на Лондон рече доста е веќе, дури и на Норман Фостер

Градоначалникот на Лондон рече доста е веќе, дури и на Норман Фостер

Проектот за The Tulip, облакодерот висок 305,3 метри проектиран од Foster + Partners, лондонскиот градоначалмик Садик Кан го отфрли со образложение дека ќе даде „многу ограничена јавна корист“ на Лондон и дека тоа не е „архитектура од светска класа која е неопходна за да го оправда своето постоење“, јавува Dezeen.

tulip-foster
Платформата за поглед на градот и атракцијата возење со гондола не би биле слободни за јавноста.
Облакодерот требал да биде изграден покрај објектот, добитник на наградата RIBA Stirling Prize, 30 Mary St Axe, познат и како „корнишон“ (the Gherkin), кој исто така е проектиран од Foster + Partners.

tulip3

the Gherkin исчезна

Норман Фостер, основач на бирото, го бранел „неизбежно контраверзниот“ дизајн на почетокот на годината, велејќи дека облакодерот има прилика да стане „светски симбол на Лондон“.
Проектите за The Tulip првично беа одобрени од градот Лондон, но градоначалникот сега го одби барањето.
„Градоначалникот смета дека дизајнот не е доволно добар за таква истакната локација, дека кулата ќе наштети на лондонската панорама и ќе влијае на блискиот облакодер кој е светското културно наследство”,вели портпаролот на Кан. Градоначалникот смета и дека „проектот е лошо осмислен јавен простор на партерот“.

thetulip856326
„Тимот на проекто Tulip е разочаран од одлуката на градоначалникот, особено поради тоа што објектот ќе донесе непосредна и долгорочна социо-економска корист на Лондон и Велика Британија“, вели потпаролот на проектот за Dezeen и додава „Сега ни е потребно некое време да ги разгледаме понатамошните можни чекори во однос на проектот“.
Кога е доставен проектот, компанијата Deloitte проценила дека објектот со својот дел при врвот како видиковец и панорамскиот ресторан ќе заработи милијарда фунти до 2045 година.
Меѓутоа кабинетот на градоначалникот уште во јануари 2019 година предупреди дека 305 метарската атракција не е во склад со планските насоки на градот.

thetulip_skyline_654966
Последните години во Лондон се изградени многу облакодери, вклучувајќи го и блискиот Walkie Talkie, кој освоил Carbuncle Cup 2015. и RSH + P Cheesegrater. Многу високи кули се планирани за градот со рекордни 541 облакодер предложени за Лондон. Вклучени се и неколку облакодери кои ги проектирале Zaha Hadid Architects и Skidmore, Owings & Merrill’s, The Diamond, кој ќе се искачи на 56 ката.

diamond

 The Diamond, Owings & Merrill’s

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top