Насловна / Вести / Градина на Тајланд – резултат на страст и ентузијазам на еден брачен пар

Градина на Тајланд – резултат на страст и ентузијазам на еден брачен пар

Тропската ботаничка градина Nong Nooch Tropical Botanical Garden (Suan Nong Nooch) е градина и туристичка атракција на површина од околу 200 хектари, сместена во провинцијата Чонбури на Тајланд на околу 20-тина километри од Патаја.

Nong_Noogh_Garden(1)_resize

Почнувајќи од 50-тите години на минатиот век, градината е резултат на страст и ентузијазам на еден брачен пар – Nong Nooch и претставува огромна колекција од илјадници различни тропски растенија. Денес во оваа ботаничка градина  има  20.000 тропски дрвја кои се собрани од 50 различни земји во светот. Најкарактеристична е збирката на повеќе од 670 видови орхидеи. За оние кои сакаат орхидеи, ова место е вистински рај, можност да се изгубат во прекрасни соништа.

5_resize

9_resize

Градината е именувана по првите сопственици. Во 1954 година, брачниот пар Pisit и Nongnooch Tansacha купиле рид од 2,4 квадратни километри за садење овошни дрвја како манго, портокал, кокос и многу други локални плодови. По враќањето од патување во странство, Nongnooch биле импресионирани од убавините на градините низ целиот свет и одлучиле овошната градина да ја претворат во тропска градина полна со цвеќиња и бонсаи.

Thailand_Parks_Sculptures_Nong_Nooch_Tropical_515600_3840x2160_resize

Nong_Nooch-15_resize

Почнувајќи од 1980 година, тропската градина Nong Nooch се отвора за посетителите. Градината целосно е изградена како туристичка зона со два ресторани, луксузен хотел со базен, бунгалови за изнајмување во тајландски стил, мала зоолошка градина, театар за уметнички перформанси и простор за изведби на 42 припитомени слонови. Од 1980 година досега, бројот на посетители на градината е околу 20 милиони луѓе. Секој ден има 3.000 – 5.000 посетители од многу земји кои уживаат на ова прекрасно место.

Градината е сместена во прекрасната околина на долината, која трепери како шарена слика, а ова место станува едно од најпривлечните туристички атракции на Тајланд, како за домашните, така и за странските туристи.

2_resize

Со проектирање, со детално разработени содржини и со ентузијазмот на двојката Nong Nooch, бујната градина навистина се смета за ремек-дело на пејзажната архитектура. Во внатрешноста на градината е содржан цел свет на керамика, предмети и фигури од керамика во хармонична комбинација со природата.

Nong_Nooch-02_resize 3_resize

Во градината многубројните орхидеи, се измешани со други растенија и ретки цвеќиња. Nong Nooch Village Orchid Garden секогаш е покриена со зелена боја, носи ладен и свеж воздух и мошне е удобна за посетителите. Овде, секој вид дрво е засаден во своја посебна област, а за растенијата се грижат многу педантни градинари.  Гледајќи одозгора, градината Nooch Village Orchid изгледа како мистериозен лавиринт, полн со различни форми и модели, создавајќи многу жива, природна слика.

Сад_Нонг_Нуч_(Паттайя,_Таиланд)._Маленький_Стоунхендж_resize

За време на процесот на градење, госпоѓа Nong Nooch секогаш собирала локални, автохтони цвеќиња и растенија од целиот свет за да ја заврши градината, со што таа станала една од најбогатите и најразновидните ботанички градини во светот со сорти растенија и цвеќиња од целиот свет, како на пример: Франција, Холандија и други земји и разновидност на видови: орхидеи, палми, кокос, градина со пеперутки, градинарски дрвја, кактуси итн.

Во Nong Nooch има и француската градина која со својот симетричен дизајн и совршено негувани грмушки е моделирана според градините на Версај. Интересно е и небесното шеталиште, подигната засенчена патека во должина од еден километар, која води низ Топијар градината (скулптури од зеленило направени со уметничко обликување), Тропската градина со палми, Ридот на пеперутки и градината Stonehenge.

Сад_Нонг_Нуч_(Паттайя,_Таиланд)._Французский_парк._08_resize

Покрај царство од растенија Nong Nooch има и Сала за културни настани, каде се одржуваат дневни претстави, спектакл на знаменитости и звуци на класичниот тајландски танц Muay Thai или древна изведба на тапан. Во градината Nong Nooch, може и да се весла со чамци низ езерцата, да се возат велосипеди или да се јава на слонови.

1_resize

7_resize

Од 2001 година, управувањето со Nong Nooch е доделено на Kampon Tansacha Nongnooch, синот на Nongnooch.

Кога се зборува за егзотика, Nong Nooch е ултимативен пример на егзотична ботаничка градина, која исто така претставува многу важен истражувачки центар посветен на специфични тропски палми.

4_resize

6_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top