Насловна / Вести / Градежен факултет додели признанија и ги прогласи најдобрите дипломски трудови

Градежен факултет додели признанија и ги прогласи најдобрите дипломски трудови

Градежниот факултет во Скопје, по повод својот 70 годишен јубилеј на свеченост во факултетскиот амфитеатар, додели плакети како знак на благодарност за долгогодишната плодна и успешна соработка со неколку факултети, институции и фирми.

4H5A1776

Деканот на Градежниот факултет, Проф. д-р Златко Србиноски додели плакети на Архитектонскиот факултет, ИЗИИС, Технолошко-металрушкиот факултет, Медицинскиот факултет, Завод за испитување на материјалите и развој на нови технологии, Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија, Комора на трговци поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Р.С.Македонија, Градежната комора, Институт за стандардизација, АДИНГ  АД Скопје, АДОРА инженеринг, АД Бетон, ГЕИНГ, Гранит, СИНТЕК Специфик. Плакети беа доделни и на многу други фирми, институции со кои Градежниот факултет има одлична соработка.

4H5A1764

На свеченоста беа доделени и признанија и награди за најдобрите дипломски трудови од градежништвото, геодезијата и геотехниката. Компанијата АДИНГ додели награда за најдобар дипломски труд од областа на градежништвото.

4H5A1902

Наградата ја понесе студентот Александар Волчески кој под менторство на проф. д-р Златко Зафировски ја изработил дипломската работа со наслов „Фактори на влијание при избор на тунел на делови од инфраструктурен проект“.

4H5A1914

Од областа на геодезијата најдобар дипломски труд е тој на студентот Бојан Бојчовски кој под менторство на проф. д-р Митре Насевски ја има дипломската работа со наслов „Одредување на трансформациски параметри за населено место Будинарци“.

4H5A1926

„Контролни геомеханички испитувања за санација на автопат А1, делница Неготино – Демир Капија“ на студентот Дарко Атанасов, под менторство на проф. д-р Љупчо Димитриевски е најдобриот диплоски труд од областа геотехника.

Исто така, на вчерашната свеченост беа доделни и стипендии за студенти сите години од градежништво, геодезија и геотехника, а кои имаат просек повисок од девет.

4H5A1933

4H5A1947

4H5A1786

4H5A1829 (1)

4H5A1896

фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top