Насловна / Архитектура / Големата годишна награда 2019 на ААМ за училиштето „Киро Глигоров“

Големата годишна награда 2019 на ААМ за училиштето „Киро Глигоров“

Вчера во Музејот на град Скопје Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ ја додели Големата годишна награда 2019 година (ГГН), за реализирано дело од областа на архитектурата, која традиционално се организира под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

IMG_20191226_212316
Наградата е доделена за објектот основно училиште „Киро Глигоров“ во Скопје проект на проектантското биро „Бесиан Мехмети Архитектс “ од Скопје, автори архитектите: Бесиан Мехмети, Стефан Атанасоски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебипи.

IMG_20191226_213125
Свеченоста ја отвори претседателот на ААМ, Мартин Пановски кој ги поздрави присутните и го изрази своето задоволство што за разлика од минатата година, кога наградата не се додели, поради непријавување на објекти, оваа година пријавени се седум објекти. Тој накратко ја сумираше и работата на ААМ во изминатата година и најави изборно Собрание на крајот на јануари за избор на нов претседател на асоцијацијат.

IMG_20191226_212552

Претседателот на жирито за додела на наградата, архитект Мишко Ралев во своето обраќање ја образложи работата на комисијата, кратко ги искоментира пристигнатите објекти, Претседателот Стево Пендаровски го прогласи добитникот и свечено ја врачи наградата. Тој во своето обраќање им порача на архитектите да бидат доследни и да не прават компромиси со политичарите во однос на својата стручност, бидејќи тие се оние кои го имаат последниот збор во проектирањето.

IMG_20191226_212845

IMG_20191226_213229

Во име на добитниците на присутните им се обрати архитект Бесиан Мехмети, кој се заблагодари на сите оние кои биле вклучени во целиот процес на изградба на училиштето од идеја до реализација, се заблагодари на ААМ, комисијата, сите присутни и сите оние кои иако се млади архитекти  верувале во нив.

IMG_20191226_212055

IMG_20191226_213558

Патот од идеја до реализација на Основното училиште траеше шест години

skolo7
– Во 2013 година Општина Центар распиша анонимен архитектонски конкурс за идејно решение за ООУ во населбата Капиштец. Од 20 пристигнати труда како најдобар и воедно добитник на првата награда беше идејното решение на aвторите Бесиан Мехмети, д.и.а.,Стефан Атанасовски, д.и.а., Никола Кунгуловски, д.и.а. и Арменд Хабипи, д.и.а. од проектанското биро Арцхитецтс ДООЕЛ.

– 2015-2016 година компанијата ИНКОМ-Инженеринг од Скопје го изработи Основниот проект.

– Ноември 2016 почнува градењето на училиштето, а градбата завршува во септември 2019 година. Изведувач е компанијата Вардарградба-ДОО од Скопје . Надзорен орган е ЗИМ од Скопје-Завод за испитување материјали и развој на нови технологии

– Инвеститор и координатор е Општина Центар – Скопје, која ја обезбеди целата инвестиција за градба на училиштето. Инвестицијата изнесува шест милиони евра.
Новото училиште „Киро Глигоров“ во скопската населба Капиштец, почна со работа во септември.

IMG_20191226_213413

IMG_20191226_212713

фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top