Насловна / Арт и дизајн / Годишна изложба на дела од Родољуб Анастасов во МГС

Годишна изложба на дела од Родољуб Анастасов во МГС

На 20-ти декември (петок) во 19.00 часот, во Галеријата “Јустина и Родољуб Анастасов”, Музеј на град Скопје, ќе се отвори Годишната изложба на дела од Родољуб Анастасов од колекцијата на Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов”, Музеј на град Скопје.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
На изложбата ќе бидат презентирани 30-ина ликовни дела кои потекнуваат од различни временски периоди (од 1959 до 2005 год.) и припаѓаат на неколку различни циклуси од творештвото на Анастасов. Тоа се слики од циклусите “Во потрага по изгубениот простор”, “Човек и време”, “Спектар на светлосниот извор”; акварели и пастели од еден од најпознатите и најобемни циклуси од творештвото на Анастасов – “Човек и простор” и цртежи изработени во техника туш на хартија од т.н. Енформелска лабораторија…
Изложбата е годишна, односно ќе биде поставена во Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов” до декември 2020 год.

328. Човек и време V, 1978, масло на платно, 130 х 160
Родољуб Аанастасов е роден 1935 година во Скопје, Македонија. Професор по сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во пензија. Дипломирал на Академија за ликовна уметност во Белград. Пет години бил член на Меѓународната Група “Јуниј”. За неговото творештво објавени се две монографии: ВЕЛИЧКОВСКИ, Владимир, Родољуб Анастасов, Скопје, Табернкул, 1995. и АНАСТАСОВ, Родољуб, Catalogue reisone: НУ Музеј на современa уметност, Скопје 2011.

Испрати коментар

Scroll To Top