Насловна / Вести / Германските возови „на ветер“

Германските возови „на ветер“

Германските железници (Deutsche Bahn) се најголемата железничка компанија во Европа, благодарение на која околу 2 милијарди патници годишно стигнуваат до своите дестинации. Од неодамна компанијата направи нов чекор кон одржливиот развој, односно потпиша договор за снабдување со енергија произведена од ветер. Договорот кој германските железници го склучија со енергетските компании Innogy SE и RWE Supply & Trading гарантира петгодишно снабдување со „чиста“ енергија од ветерните електрани во Северното море.Германските железници тврдат дека над 57% од своите енергетски потреби ги задоволуваат од енергија од обновливи извори, а за 2038 година планираат целосно обновлив енергетски микс.

„Во текот на нередните неколку години, договорите на база на фосилни горива, постепено по нивниот истек ќе ги заменуваме со обновлива енергија“ велат од енергетскиот сектор на Deutsche Bahn.

deutschebahn1

deutschebahn2

deutschebahn3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top