Насловна / Вести / Албанија: Конференција за енергетска транзиција во Драч

Албанија: Конференција за енергетска транзиција во Драч

Регионалниот информативен центар за одржлив развој во југоисточна Европа (REIC), и Фондацијата Heinrich Boll, денес во Драч ја организираат конференцијата под наслов „Енергетската транзиција на Албанија“. Конференцијата се одржува во рамките на проектот GEDAL, кој има за цел  да го подобри дијалогот за транзицијата кон зелена економија во Албанија. Говорници и панелисти се претставници на домашни и меѓународни организации  (AGORA, GIZ, REIC), универзитети и стручни агенции. Целта на конференцијата е промоција на потенцијалот за енергетска транзиција на Албанија во контекст на глобалните напори за ублажување и прилагодување кон климатските промени.

Организаторите сметаат дека Албанија се соочува со серозен проблем на растечка стапка на невработеноста, додека климатските промени се очигледни (сушни години, екстремни временски прилики и сл.) „Овие прашања мора да се третираат заедно. искористувањето на потенцијалот на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност би довело до ублажување и прилагодување кон климатските промени, како и отворање на работни места во зелената економија“ велат организаторите.

durres1

durres2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top