Насловна / Вести / Германската автомобилска индустрија ќе биде јаглеродно неутрална до 2050 година

Германската автомобилска индустрија ќе биде јаглеродно неутрална до 2050 година

Коцката е фрлена! Германскиот автомобилски сектор ги усвои целите на Европската унија за емисиите на јаглерод диоксид, и планира јаглеродна неутралност до 2050 година. објави германското здружение на автомобилската индустрија VDA. Членови на ова здружение се челниците на водечките германски производители на автомобили, а стретегијата ќе ја креираат самите компании.

vda1

„Ова е добро за Германија како производствена локација, имајќи во предвид дека натпреварот во идеи и успешност ја зајакнува германската економија, особено автомобилската индустрија“, соопштуваат од VDA. Челниците на компаниите нагласуваат дека се отворени за сите технички решенија, вклучувајќи ги електричните автомобили со погон на обновливи извори на енергија, класичните автомобили со ефикасни мотори со внатрешно согорување и мотори кои користат водород и синтетички горива. Прогнозираат дека модерните мотори со внатрешно согорување ќе бидат многу важни за постигнување на целите за емисиите, и воедно побарале забрзана изградба на мрежа на станици за полнење на електрични автомобили, како во Германија, така и ширум Европа.

Сепак, размислувањата во рамките на VDA се разликуваат. Најголемиот член Volkswagen, кој дури и се заканувал со напуштање на VDA, ја продолжува интерната расправа за тоа дали воопшто моторите со внатрешно согорување имаат иднина во автомобилската индустрија на земјата. Директорката на VDA, Hildegard Müller вели дека е потребна „технолошка отвореност“, со цел германската индустрија да стане јаглеродно неутрална до средината на векот, тврдејќи дека водородот и синтетичките горива се потребни во сите начини на превоз, за да се ублажи влијанието на сообраќајот врз климата. Спротивно на тоа, Volkswagen цврсто се позиционира против употреба на горива произведени од обновливи извори на енергија, тврдејќи дека нивниот потенцијал за германската автомобилска индустрија е „масовно преценет“, и дека зелениот водород би бил „премногу драгоцен“ за да се користи во одделни цели на мобилноста. Наместо тоа, Volkswagen се фокусира на автомобили на батерии, кои ги нарекува изводливи, ефикасни и со економична технологија која е веќе достапна за постигнување на климатските цели. Bosch како снабдувач со резервни делови и BMW, држат до ставот дека водородот и синтетичките горива мора да останат опција кај патничките автомобили.

vda2

vda3

 

Испрати коментар

Scroll To Top