Насловна / Вести / Германија воведува нова програма за субвенционирање на електрични возила

Германија воведува нова програма за субвенционирање на електрични возила

Германската сојузна влада, ја претставила новата програма за субвенционирање на електрични возила (EV), која стапила на сила од почетокот на оваа година, со цел повторно да го поттикне преминот на климатски прифатлива мобилност и истовремено да пружи поддршка на домаќинствата со ниски и средни приходи. Програмата доаѓа по укинување на националните субвенции за купување на EV на крајот на 2024 година, што довело до пад на продажбата во текот на 2024 и 2025 година.

За реализација на програмата, Германија резервирала околу 3 милијарди евра, со што до 2029 година би било поддржано купување на околу 800.000 возила. Иако програмата формално е започната, апликациите се овозможени од мај 2026 преку посебен портал, а субвенциите ќе се доделуваат ретроактивно за возила купени по 01.01.2026 година. Право на субвенции имаат домаќинства со оданочен годишен приход до 80.000 евра, односно до максимално 90.000 евра за домаќинства со две деца. Основната субвенција изнесува 3.000 евра, додека домаќинствата со пониски приходи и со деца можат да остварат поддршка и до 6.000 евра.

Германската влада истакнува дека оваа програма е дел од пошироката климатска и индустриска политика, со цел намалување на почетните трошоци за премин на електрични возила, поттикнување на учеството на граѓаните во енергетската транзиција и зајакнување на домашната автомобилска индустрија. Програмата ја дополнуваат постоечките даночни мерки, како што се даночните олеснувања за електрични возила до 2035 година.

Испрати коментар

Scroll To Top