Насловна / Арт и дизајн / Францускиот дизајнер го решил проблемот на дистанцирање во ресторани

Францускиот дизајнер го решил проблемот на дистанцирање во ресторани

За да им овозможи на рестораните почитување на мерките за социјално дистанцирање поради пандемијата на Ковид 19, францускиот дизајнер Кристоф Жерниго направил  Plex’Eat – ѕвоно од плексиглас, наменето за една особа.

viz2

Со Plex’Eat, секој посетител на ресторан би имал свој голем визир, кој е отворен од задната страна за да се олесни пристапот и избегне чувството на гушење.

На овој начин секој посетител би можел да вечера на мира и испие пијалок, без страв дека ќе се зарази. Сепак гостите би морале да зборуваат погласно, како би можеле да водоат дијалог, пишува Оriginalmagazin.

viz1

„Размислував за уред кој ќе ни го олесни седењето на маса, без никаков ризик“, објаснува дизајнерот.

Тој открил дека идејата потекнала од фотелја во концепт продавница во Азија, која била преполна со ѕвона, како би овозможила мирно слушање на музика.

Дали Plex’Eat ќе заживее во Франција, па и во другите земји во светот, ќе дознаеме мошне брзо со оглед на тоа дека, за разлика од нас, државите полека ги ублажуваат мерките на забрани воведени поради коронавирусот.

viz3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top