Насловна / Арт и дизајн / Фотографски проект во кој минатото ја пресретнува сегашноста

Фотографски проект во кој минатото ја пресретнува сегашноста

Ник Саливан, модниот уредник на списанието Esquire, во својот проект ja употребил фотографијата како мост кој го спојува минатото со сегашноста, и иконите на 20 век ги транспонирал во модерното време.nik saliven fotki (4)

Неговото перфекционистичко око и извонредното чувство за детали, во фотографскиот проект отвора директен дијалог на минатото и сегашноста. Имено, Саливен ги земал историските фотографии и ги „стопил“ во фотографија на која истата локација е прикажана во сегашно време.nik so kuce

Иако овој тип на фотографска манипулација не е новост, Саливан се истакнал со своето неверојатно прецизно око, истенчено чувство за детали и со максимална посветеност, кадрите од историските фотографии совршено да ги смести во рамка на нивните современи верзии.nik saliven fotki

Така, во серијата фотографии се најдоа призори снимени многу одамна на улиците и некои познати локации во Лондон, Њујорк, Париз … Сепак, локациите овде играат споредна улога бидејќи како субјекти на фотографиите се издвојуваат значајни икони од светот на музиката, филмот и уметноста, како што се Боб Дилан, „Битлси“ , Кери Грант, Пабло Пикасо, „Ролинг стоунс“ и многу други.nik saliven fotki (2)

На тој начин, низ фотографиите, овие великани успеале да допатуваат од црно-белото минато и да се најдат во модерниот свет во боја. nik saliven fotki (3) nik saliven fotki (5) nik saliven fotki (6) nik saliven fotki (7) nik saliven fotki (8) nik saliven fotki (9) nik saliven fotki (10)

Испрати коментар

Scroll To Top