Насловна / Арт и дизајн / Фотофрафиите од фабриката, откриваат како ќе изгледа новиот Ferrari Purosangue

Фотофрафиите од фабриката, откриваат како ќе изгледа новиот Ferrari Purosangue

На интернет веќе се појавија фотографии кои откриваат како изгледа новиот модел на Ferrari – Purosangue. Во јавноста, Purosangue се смета за првиот SUV на легендарниот бренд, иако гигантот е категорично против ваквата категоризација. Како и да е, фотографиите „протекле“ од фабриката, па сега дефинитивно е познато што може да се очекува кога Purosangue и официјално ќе биде претставен. Се разбира, фотографиите се далеку од идеални, но сепак откриваат како изгледа овој модел однапред и одзади, а делумно се гледа и бочниот профил.

purosangue1

purosangue2

purosangue3

На прв поглед е јасно дека тој не изгледа како конвенционален SUV, највеќе поради неговата височина, а тоа веројатно е една од причините поради кои во Ferrari не сакаат таква класификација. Purosangue повеќе личи на подигнат хечбек, а производителот истакнува дека тоа е всушност неговиот FUV, односно Ferrari utility vehicle. Предниот дел на автомобилот потсетува на моделот Roma, особено кога станува збор за светлата, и тоа дефинитивно не е негативна карактеристика, бидејќи Roma според многумина е најубавото Ferrari од моделот 458. Purosangue веројатно е погонуван од  3,9-литарски twin-turbo V8 мотор, кој се користи и за други модели на брендот. Гласините велат дека  Purosangue би можел да добие и V12 мотор, кој развива речиси  800 hp, но станува збор за непотврдени информации.

purosangue4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top