Насловна / Архитектура / Foster + Partners со нова илустрирана книга за деца

Foster + Partners со нова илустрирана книга за деца

Архитектонското биро Foster + Partners објави нова книга за деца во која главна улога има облакодерот Геркин, проект на бирото. Книгата нуди разиграно патување за деца и млади во време кога се препорачува да се остане дома.

1_resize

Новата книга, наречена „Летечкиот Геркин“ (The Flying Gherkin), се состои од живописни обележја со додавање на човечки карактеристики на зградата: раце, очи и зашилена нога и го прави облакодерот главниот лик на приказната, кој своето патување го започнува од Лондон и ги посетува зградите на ова архитектонско биро низ целиот свет.

10_resize

Збогатувајќи ја приказната со мали текстови, книгата е напишана од Mrinal Rammohan, илустрирана од Catarina Rao и дизајнирана од Sam Strudwick. Првото издание на книгата е насловено „Прв лет“ и го отсликува расположението на зградата во тишината на лондонските улици и нејзината одлука дека е совршено време за одмор и покажува како Геркин почнува да лета.

9_resize 3_resize

Книгата, која досега е објавена во две изданија, може да се преземе од веб-страницата Foster + Partners. „Летечкиот Геркин“ е објавена како дел од иницијативата на бирото #architecturefromhome за едукација, забава и инспирација на децата во период кога повеќе време поминуваат дома.

4_resize gherkin_02_highres gherkin_02_highres 3_resize gherkin_02_highres

Облакодерот Геркин, официјално познат како 30 St Mary Axe, беше завршен во 2004 година и ја доби наградата Stirling Prize за најдобра зграда на Велика Британија истата година.

0_resize

Испрати коментар

Scroll To Top