Насловна / Архитектура / Флексибилно домување во Амстердам за три генерации на исто семејство

Флексибилно домување во Амстердам за три генерации на исто семејство

Проектантското биро BETA – office for architecture & the city, проектираше објект на пет нивоа за живеење кој ќе ги задоволи различните потреби на најмладите и најстарите членови на едно семејство, објави италијанскиот Domus.

12
Мултигенерацискиот дом е проблем кој ги поврзува архитектурата, економијата и семејните идеали. Во многу земји, како што се САД, живеалиштата каде повеќе од една генерација живее под еден покрив не се невообичаени (истражувањата на Центарот за истражување на Пју во 2016 година покажуваат дека 20% од американското население живее во такви куќи), а во Европа ова е модел што се здобива со популарност.

1
Во Европа населението старее и има зголемени здравствени потреби, а потебите на младите генерации се да бидат уште пофлексибилни и мобилни на работа, што доведува до слабеење на семејните структури и пораст на индивидуализмот.

4
Но, во некои случаи, архитектурата може да промовира алтернативни модели на соживот на млади и стари, каде што се делат грижата, дневниот престој, секојдневните задачи и здравствените потреби.
Во Амстердам, бирото ВЕТА го решава ова прашање со проект за куќа на пет ката за три поколенија, во која можат да се сместат две одделни домаќинства: млад брачен пар и нивните деца кои веќе живееле во градот и нивните постари родители кои сакаа да се вратат поблиску до градот и урбаните содржини.

11
Централната област за циркулација е скулптурниот елемент кој ги дефинира просторите и станува срце на проектот. Заедно со скалите предвиден е и лифт кој овозможува пристап до сите нивоа на куќата.

9

10
Скалите ја делат куќата на два дела: просториите свртени кон север, кон патот се поделени и јасно дефинирани, додека оние кои се свртени кон југ, кон градината се отворени и флексибилни.

6

5
Оваа поделба на простори е видлива и на двете фасади: предниот дел со квадратни прозорци поставени на црна фасада, задниот дел целосно отворен за градината преку застаклување по цела висина и тераси.

3
Куќата е составена од неколку мини-апартмани кои можат да се конфигурираат на различни начини со текот на времето, следејќи ја еволуцијата на семејството кое го сочинуваат повеќе генерации.

8

2 13

Испрати коментар

Scroll To Top