Насловна / Арт и дизајн / Фестивал на светла во Копенхаген (видео)

Фестивал на светла во Копенхаген (видео)

Во Копенхаген трет пат се одржува Фестивал на светла. Поставени се 60 уметнички, светлосни инсталации низ целиот град, а градските власти се надеваат дека фестивалот ќе привлече повеќе посетители од минатата година. Фестивалот трае до 23. февруари.

1_resize

Престолнината на Данска можеби е ладна и мрачна во тек на зимските месеци, но со помош на фестивалот „Зима во Тиволи“ се е пошарена и потопла. Инсталацииите се изработени само од одржливи сијалици, а се користат исклучиво обновливи извори на енергија. Меѓу атрактивните уметнички дела е и лизгалиште на чиј кров има 100 илјади мали еко сијалици. Посебна атракција се магнети поставени под ледот кои произведуваат светлосни ефекти за време на лизгањето.

6_resize

4_resize

„Сакаме да претставиме нешто ново. Светло во темнинина во тек на зимските месеци, но и да го поврземе паркот Тиволи со другите делови на Копенхаген со ласерски зрак на небото. Всушност за прв пат, практично целиот град е вклучен во фестивалот“, вели Јеспер Конгхаус, кустос на фестивалот.

5_resize

Особено внимание привлекува и инсталацијата на уметник кој искористил 11 диви лебеди од бајка на Андерсон. Светлосниот шоу програм раскажува драматични приказни од нордијската митологија и минато, исполнети со борба и драма.

7_resize

 

„Оваа година се обидуваме да му додадеме уметничка димензија на фестивалот. Повикавме уметници да ја осмислат внатрешноста на паркот Тиволи, да донесат свои уметнички дела базирани на светло. Тоа мошне добро функционира“, додава Конгхаус.

80_resize

И посетителите, кои ги има од цел свет се задоволни. За време на фестивалот е и еднонеделниот одмор, кој се вика „зимска пауза“ – као што е светлото своевиден одмор од мрачната зима.

3_resize

До крајот на месецот ќе бидат организирани различни манифестации, како трка со светилки.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top