Насловна / Вести / Фејсбук ќе поче да прикажува свои телевизиски серии

Фејсбук ќе поче да прикажува свои телевизиски серии

Најпопуларната социјална мрежа Фејсбук, наскоро ќе почне да прикажува телевизиски серии. „Бизнис инсајдер“ тврди дека премиерата на првата серија ќе биде до средината на месец јуни.

За почеток се планирани две сезони на различни серии од по 12 епизоди.

Еднaта ќе биде високобуџетна и со подолго траење, додека другата ќе биде поевтина – би траела десетина минути и би се емитувала секој ден.facebook

Ако компанијата одлучи да има оригинална содржина, тоа ќе ѝ овозможи ефикасно да се бори против видеоплатформите на Јутјуб, Нетфликс и Амазон.

Фејсбук со овој потег сака да задржи две милијарди корисници, особено млади луѓе кои сè повеќе се префрлаат на Снепчет.

Испрати коментар

Scroll To Top