Насловна / Вести / Европските министри разговараат за еколошки проблеми

Европските министри разговараат за еколошки проблеми

Министрите за животна средина на ЕУ во Букурешт, Романија ќе дискутираат на теми кои се однесуваат на заштитата на животна средина. На состанокот присуствува и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки.

Темите на кои министрите за животна средина од земјите-членки на ЕУ, земјите-членки на ЕФТА и земјите-кандидати за пристапување во ЕУ ќе дискутираат се поделени во три сесии.

47098991034_3f708d4634_z

Првата сесија е посветена на климатски промени, при што фокусот е на иновативните решенија и улогата на граѓаните кон иднина со ниска употреба на јаглерод, преку максимално искористување на можностите поврзани со начинот на живот, циркуларноста и просторното планирање. Посебно е потенцирана потребата од препознавање и зајакнување на граѓанскиот активизам заради неговата улога  во инволвирањето на граѓаните во долгорочниот процес на декарбонизација на државата.

Втората сесија се фокусира на резултатите од глобалната проценка на услугите за биолошка разновидност и екосистеми со импликациите за ЕУ рамката и глобалната рамка за биодиверзитет по 2020 година што ја направи Меѓувладината научна платформа за биолошка разновидност и екосистемски услуги (IPBES).

Управувањето со водите и контрола на загадувањето со пластика и микропластика на теченијата на реките до морињата е третата тема на која министерите за животна средина ќе разменат мислења.

47098992244_70c615fd99_z

Испрати коментар

Scroll To Top