Насловна / Вести / Европската комисија наскоро ќе го претстави “Европскиот зелен план“

Европската комисија наскоро ќе го претстави “Европскиот зелен план“

Претседателката на Европската комисија (ЕК),  Ursula von der Leyen, на конференцијата на Обединетите Нации за климатските промени  (COP25) која се одржува од 2 до 13 декември 2019 во Мадрид, изјави дека за 10 дена, ЕК ќе го претстави „Европскиот зелен план“.

„Нашата цел е до 2050 година да станеме првиот јаглеродно неутрален континент. Ако сакаме да ја постигнеме таа цел, мора да дејствуваме сега и веднаш и да започнеме со спроведување на политиките. Знаеме дека за таа транзиција е потребна смена на генерации“, истакнала таа. На конференцијата  COP25 учествуваат влади, компании, локални власти  граѓанското општество, со цел преку заеднички напори да се работи на спроведување на одредбите од Парискиот договор, но и да се даде потребниот импулс за уште поамбициозни цели во днина. Преминот кон јаглеродно неутрална економија до 2050 година, е главниот проритет на овој состав на ЕК.

greendeal1

greendeal2

greendeal3

greendeal4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top