Насловна / Вести / Европската Комисија го обвинува Apple за злоупотреба на доминантната пазарна позиција

Европската Комисија го обвинува Apple за злоупотреба на доминантната пазарна позиција

Европската Комисија го обвини Apple дека ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот во безконтактното плаќање, оневозможувајќи им на своите конкуренти пристап до бежичната технологија NFC (Near Field Communication), која овозможува комуникација помеѓу мобилниот уред и терминалот за плаќање во трговија. Во јуни 2020 година, комисијата отворила истрага за тоа дали Apple ги крши правилата на пазарното натпреварување во врска со својата мобилна апликација за плаќање  Apple Pay. Во својот прелиминарен извештај, Комисијата наведува дека е утврдена злоупотреба на доминантната положба на пазарот, но засега ништо нема превземено против Apple, додека не се потврдат наодите од прелиминарните заклучоци.

app1

app2

Корисниците на уредите на Apple, мобилни телефони и паметни часовници, може да плаќаат безконтактно само преку апликацијата Apple Pay, со што се оневозможуваат конкурентските апликации. Apple на своите уреди ги оневозможил конкурентските апликации за плаќање во пристапот на технологијата NFC, преку која се воспоставува врска помеѓу мобилниот уред и терминалот. „Со исклучувањето на другите од игра, Apple нечесно го заштитил својот Apple Pay паричник од конкуренција. Ако тоа се покаже точно, таквото однесување одговара на злоупотреба на доминантна позиција, што е незаконско според нашите правила“, истакнуваат од Комисијата.

app3

Испрати коментар

Scroll To Top