Насловна / Вести / ЕУ е најголем „потрошувач“ на природните ресурси на Земјата

ЕУ е најголем „потрошувач“ на природните ресурси на Земјата

Во последното соопштение на Светскиот фонд за природа (WWF), наведено е дека Европјаните користат повеќе природни ресурси во однос на остатокот на светот. Во извештајот се вели дека доколку сите на светот би имале исто влијание врз животната средина како и просечниот жител на Европската Унија, тогаш 10-ти мај би бил датумот кога би требало да се запре користењето на сите природни ресурси за да се опорави планетата. Токму затоа, активистите на оваа организација го прогласиле 10-ти мај за Европски ден за исцрпеност на ресурсите на Земјатa. Во остатокот од годината, како што истакнуваат тие, Европјаните ќе продолжат да го уништуваат природниот капитал на Земјата.

depletion1

depletion5

depletion6

Тоа значи дека емисиите на јаглерод диоксид ќе биде поголема отколку што екосистемот на планетата може да апсорбира, ќе бидат уништени повеќе шуми отколку што може да бидат обновени, ќе бидат исцрпени риболовните подрачја, зголемена ерозијата на тлото и уништени некои растителни и животински видови. Во извештајот се наведува дека ЕУ и нејзините граѓани во моментот користат двојно повеќе ресурси отколку што екосистемот е способен да обнови. Посебно се нагласува дека унијата користи околу 20% од „биокапацитетот“ на Земјата, иако опфаќа само 7% од светската популација. Со други зборови, доколку сите би трошеле по стапката на просечниот жител на ЕУ, тогаш би ни биле потребни капацитети еднакви на речиси три планети.

depletion2

 

Извештајот препорачува итни промени со цел потполна заштита и обнова во Европа до 2030 година, односно потполно укинување на емисиите на јаглерод диоксид до 2040 година. Европската унија превзема доста мерки со цел намалување на уништувањето на природните ресурси. Се инсистира на т.н „кружна економија“ според која добрата повторно се искористуваат или рециклираат.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, го претставил  предлогот на редовниот самит на ЕУ, со цел подобра заѓтита на природата и достигнување на таргетот за нула емисија на јаглерод диоксид. На оваа иницијатаива се приклучиле осум земји меѓу кои и Франција. Но, планот не добил поддршка од повеќето членки, меѓу кои и Германија.

Boreal forest trees clear felled to make way for a new tar sands

depletion3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top