Насловна / Вести / Етиопија го „собори светскиот рекорд“ во број на засадени стебла

Етиопија го „собори светскиот рекорд“ во број на засадени стебла

Во Етиопија се засадени повеќе од 350 милиони садници во еден ден, наведуваат официјалните лица, истакнувајќи дека ова би можело да биде нов светски рекорд.
Проектот наречен „Иницијатива за зелено наследство“ (Green Legacy Initiative) го предводи премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, а се одржува во 1.000 градови ширум земјата.
Како што се наведува, целта на акцијата е борба против уништување на шумите и климатските промени.

e2

Премиерот Абиј Ахмед

Некои државни служби, канцеларии и агенции се затворани за да можат оние кои тамо работат да учествуваат во садењето. Исто така некои службеници се ангажирани да бројат колку точно дрвја се засадени, јавува Калкидан Јибелтал, репортер на ВВС од Адис Абеба.
Од Обединетите нации истакнуваат дека покриеноста со шуми во Етиопија паднала од 35 отсто од почетокот на 20. век на нешто повеќе над четири отсто на почетокот на 21. век.
Министерот за иновации и технологии на Етиопија, Гетаун Мекурија напишал на Твитер дека до сега се засадени повеќе од 220 милиони стебла.
https://twitter.com/DrGetahun/status/1155813963252273153?s=20
Нормата која сакаат да ја исполнат е четири милијарди засадени дрвја.
Државата емитува промотивен спот во кој се апелира до жителите да се грижат за дрвјата и да се приклучат на акцијата. Во моментов светскиот рекорд за број на засадени стебла во еден ден го држи Индија. Во 2006. година 800.000 волонтери засадиле повеќе од 50 милиони дрвја.

е2
Критичарите на владата на Етиопија велат дека премиерот само сака да го сврти вниманието на јавноста од големите проблеми со кои се соочува нивната земја. Како што наведуваат, пред се од етничките конфликти, поради кои се иселени 2.5 милиони луѓе.

Испрати коментар

Scroll To Top