Насловна / Архитектура / Ентериер на хотел во Берлин, уникатно и интригантно локално искуство

Ентериер на хотел во Берлин, уникатно и интригантно локално искуство

Веќе неколку години сме сведоци на трансформација на индустриските објекти во јавни простори, а досега нивното уредување го следеа брендови на врвен и необичен дизајн. На тој начин, индустриските објекти и индустрискиот студ се пренаменети и новите простори со специфичен дизајн искористени за различни видови објекти.

2

Архитектонското биро JOI-Design во соработка со швајцарската SV grupom, успеа да заврши и отвори три различни хотели во Германија и Швајцарија, вклучувајќи го и новиот бренд Stai KooooK, кој е освежување на светскиот пазар.

3

Еден од проектите на бирото JOI-Design  во партнерство со младиот, индустриски урбан бренд Moxy е хотелот „Hotel Moxy“ во Берлин. Хотелот е автентичен и удобен, а истовремено индустриски и модерен. Од моментот кога се влегува во хотелот во лобито, започнува турнеата на гостите, тематизирана околу грбот „Berlin Bär“ (мечка) кој е интегриран во целиот концепт. Изложените бетонски површини ја откриваат историјата на зградата и додатоци како книги кои даваат увид во историјата на Берлин и нудат совети за разгледување на градот.

4

Различни зони опремени се со комбинација на дневен боравок и друг мебел за седење, со улична уметност на ѕидовите и неколку модерни додатоци. Ова е совршена основа за добра работна атмосфера, неформален деловен состанок или партија шах со пријателите по напорниот ден.

5

Тимот на JOI-Design ја исполнил доделената задача, да дизајнира иновативен ентериер, нудејќи им на гостите уникатно и интригантно локално искуство, правејќи да се чувствуваат безбедно и пријатно. Тимот создал ентериер кој ја доловува уникатната и непредвидлива душа на градот. Постигнале деликатно балансирање помеѓу енергичното лоби и просториите кои овозможуваат тивка пауза од градската врева.

6

7

8

9

1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top