Насловна / Вести / Енергетска транзиција на Полска: Субвенции и програми за забрзување на инвестициите во ОИЕ

Енергетска транзиција на Полска: Субвенции и програми за забрзување на инвестициите во ОИЕ

Во последните години Полска забрзано го развива секторот на обновливи извори на енергија (ОИЕ). Земјата која долго се потпира доминантно на јагленот, се повеќе инвестира во модернизација на електроенергетската мрежа и интеграција на чисти извори на енергија.

Полска веќе долга низа години спроведува активности за постепено напуштање на јагленот, иако тоа е тежок процес поради значењето на рударскиот сектор и обемот на вработувања во оваа дејност. Производството се одржува во оние рудници во кои сеуште е исплатливо, додека неисплатливите рудници постепено се затвораат. Во Полска веќе 20 години расте уделот на обновливи извори на енергија во енергетскиот микс. Овој процес добива поддршка од државните фондови и од ЕУ. Истовремено се базира и на големи проекти (ветерни паркови), и на поддршка на прозјумерите. Енергетската транзиција во Полска се појасно го поместува фокусот од самото производство на енергија на енергетската инфраструктура. Најголем предизвик е изградбата на нуклеарна електрана. Првата нуклеарна електрана Полска започнала да ја гради уште во 80-тите години на минатиот век. Работите се запрени по несреќата во Чернобил во 1986 година. Меѓутоа, сега во соработка со САД, се гради нова нуклеарна електрана на северот на земјата.

Во последните неколку години, динамичниот раст на соларните и ветерните електрани во Полска е првенствено резултат на регуаторните промени, како што е либерализацијата на правилото 10H (оддалеченоста од резиденцијалните објектиu = 10 × височината на столбот на ветерната турбина) за енергијата од ветер, што овозможува зголемување на достапните локации за инвестиции и деблокирање на развојот на големите проекти. Истовремено, падот на трошоците на технологиите и порастот на исплатливоста на обновливите извори на енергија, ја прават енергијата од ветерот една од најефтините извори на енергија во земјата, додека фотоволтаиците, особено големите соларни фарми почнуваат да доминираат како новоприклучени капацитети. Развојот на фотоволтаичните системи го поддржуваат и јавните програми, како „Моја струја“, даночните олеснувања, како и климатските цели на ЕУ. Голем поттик даваат и мерките на поддршка кои ги овозожуваат државата и локалните власти. Посебен предизвик било донесувањето на прописи кои овозможуваат производство на електрична енергија од страна на физички лица.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top