Насловна / Арт и дизајн / „Старите мајстори и македонската модерна“ во Галеријата на МКЦ во Скопје

„Старите мајстори и македонската модерна“ во Галеријата на МКЦ во Скопје

Изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“ е истражувачка проект чија централна тема е сложениот однос меѓу европското уметничко наследство и развојот на модерната уметност во Македонија. Поаѓајќи од творештвото на старите мајстори како темел на европската ликовна традиција, изложбата го разгледува нивното влијание – како извор на техничко знаење, но и како поттик за критичко преиспитување и творечка трансформација.

Посебен акцент е ставен на процесите преку кои македонските уметници, во специфични историски и културни околности, воспоставуваат посреден дијалог со ова наследство. Преку изучување, копирање на класични дела, интерпретација и трансформација, тие развиваат сопствени визуелни јазици и придонесуваат кон обликувањето на македонската модерна уметност. Изложбата нуди увид во дијалогот меѓу традицијата и модерноста, поставувајќи го во контекст на локалниот културен развој.

Во изложените дела, на некои од најголемите уметници – Личеноски, Лазески, Корубин, Чемерски, Пенушлиски и други, се согледува токму таа динамика: начинот на кој историските модели се адаптираат и трансформираат во нови уметнички изрази. Притоа, изложбата го отвора прашањето за улогата на културното наследство како активен и релевантен фактор во современото уметничко творештво.

Свечаното отварање на „Старите мајстори и македонската модерна“ ќе се одржи на 6 мај (среда) во20:00 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Изложбата ќе биде отворена до 20 мај. Проектот е подржан од страна на Министерстото за култура на Република Македонија, а автор е Проф. Кирил Пенушлиски.

Испрати коментар

Scroll To Top