Црногорскиот електропреносен систем оператор (CGES) обезбеди кредит од 15 милиони евра за унапредување на 220 kV далековод кој ги поврзува Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Проектот ќе ја унапреди доверливоста и ефикасноста на преносот на електрична енергија во Црна Гора и ќе ја зајакне прекуграничната поврзаност на Западен Балкан, придонесувајќи за поголема регионална интеграција на електроенергетските системи. Кредитот го обезбеди ЕБОР. Со модернизацијата на далеководот неговиот преносен капацитет ќе биде зголемен од 300 MW на околу 600 MW.

Инаку, CGES неодамна соопшти дека планира во наредните пет години да инвестира 200 милиони евра. Меѓу најзначајните капитални проекти кои компанијата ги заврши во минатата година се реконструкција на трафостаницата „Плевља 1“, како и изградбата на далеководот „Ластва – Плевља“.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија