Насловна / Вести / Експерти на УНЕСКО од денеска во инспекција на Охрид

Експерти на УНЕСКО од денеска во инспекција на Охрид

Експертите на УНЕСКО ќе вршат увид на новите објекти на Плаошник, на хотелот во Лагадин, на проектот експресен пат до Свети Наум, како и на планираниот скијачкиот центар на Галичица.

УНЕСКО на 40. седница во Истанбул изрази сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид поради бројните инфраструктурни проекти кои се планирани, а дел од нив веќе се во реализација.KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Неколку еколошките организации во овој период организираа бројни настани и трибини против планот за експресниот пат Охрид – Пештани преку Галичица, против планот за скијачкиот центар на Галичица, за новата елитна населба во Студенчишко Блато и туристичко-развојната зона во Љубаништа. Еколозите предлагаат мораториум на овие деструктивни проекти и целосна примена на Законот за управување на природното и културното наследство во регионот на Охрид.

Пред неколку години последниот мониорнинг на УНЕСКО покажа дека проектите за Плаошник не ги нарушуваат еколошките и археолошките стандарди.

Испрати коментар

Scroll To Top