Насловна / Вести / Еколошко одморалиште со ѕидови од набиена земја

Еколошко одморалиште со ѕидови од набиена земја

Скриено во магливите планини во Џеџанг, новото еколошко одморалиште е еден куп луксузни станови изградени со локални материјали. Проектот за „Retreat Village“ е дизајниран од меѓународна фирма за архитектура „Kooo arhitects по нарачка на клиентот „Hangzhou Origin Villa Hotel & Resort во селото Дашан во провинција Џеџанг, Кина.

eko

Инспирацијата за овој проект потекнува од локалното наследство, така што во овој процес се користени локални материјали и градежни техники со набиена земја. Целта било да се изгради одморалиште што ќе одговара на околината.

eko1

Изградбата траела две години. Иако повеќето земјоделски куќи првично биле изградени од ѕидови со набиена земја, архитектите решиле да го искористат збиеното земјиште само за дел од новата градба, за да ентериерот не биде премногу мрачен и тесен. Палетите од бамбус, црвена тула, камен и јагленисано дрво се додадени на ѕидовите на земјата.

eko2

За да го намалат штетното влијание врз животната средина и околината, архитектите користеле локални производи, како и рециклирани материјали. Одморалиштето е вклопено за да ги следи контурите на планината. Секој апартман е насочен во различна насока за зачувување на приватноста и максимален поглед.

Светлината е минимална, но сосема доволна за удобно и пријатно чувство. Користено е осветлување кое рамномерно го осветлува целокупниот простор – светилки кои светлината ја фрлаат надолу, светилки кои слободно ја фрлаат светлината во сите насоки и столни ламби. Ова придонесува за создавање меки лакови на светлината и сенките, осветлувајќи ги беспрекорно континуираните површини и заоблени рабови на sидовите и таваните.

eko3

eko4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top