Насловна / Дневни Вести / Интензивно се гради индустриската зона во Василево

Интензивно се гради индустриската зона во Василево

opstina-vasilevo.jpgСтрумица – Општина Василево забрзано работи на инфраструктурното уредување на индустриската зона која се простира од двете страни на магистралниот пат Струмица – Радовиш.

Со цел да се привлечат што повеќе инвеститори, локалната самоуправа го
намали надоместокот за уредување на градежното земјиште, при што цената
на квадратен метар за деловни и производни објекти изнесува 1.050, а за
бензински пумпи (рампи, згради, резервоари, настрешници,…) 2.100
денари.
Со ова општината, според градоначалникот, Ване Стојанов, ќе овозможи
побрза градба на индустриските капацитети и нивно ставање во функција,
со што би се овозможило отворање на нови работни места и подобрување на
животниот стандард на граѓаните.
– Станува збор за урбанизирано земјиште од 88 хектари на кое општината
работи на експропријација на дел од површините неопходни за пробивање на
улица во самата зона. Во фаза на продажба се и седум парцели за откуп и
преработка на земјоделски производи, изјави Стојанов.
До индустриската зона „Василево“ е изграден и главен цевковод за вода,
во тек е реализацијата на уличната мрежа, а изготвена е и техничка
документација за фекална канализација. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top