Насловна / Арт и дизајн / Единствена неверојатна Тотем ламба

Единствена неверојатна Тотем ламба

Правилно избраното осветлување може да ја подобри атмосферата во просторијата. Секако слабото осветлување е она што ја прави атмосферата неподнослива. Модуларните решенија се многу корисни во овој поглед.

lamba

Исклучителната ламба наречена Тотем на секој корисник му нуди што му треба во моментот. Прилагодлива за вас и просторот што ви е на располагање, оваа ламба може да се користи како единствена светлина или да се користи во нејзиното комплексно издание. Инспирирана од тотеми на Индијанците, Тотем ламбата е создадена од индивидуални светлосни модули што можат да се користат како единствена светлина или колонија на повеќе модули.

lamba1

Благодарение на тоа, можете да имате висечка, ѕидна, ламба за на маса, како и висока подна ламба. Всушност, каде и да ви треба осветлување во вашиот стан, тотем-ламбата е вашиот адут. Направена од рачно дувано стакло, секој модул носи уникатна структура, поради што ламбата се издвојува во просторот и станува најубавиот детал во него, без да се стреми да ги засени другите парчиња мебел во просторот.

lamba2

Стаклото, кое има опиплива текстура, наликува на рефлектирачка површина на која нежно се прекршуваат вечерните светла. Минималистички дизајн, рачно изработена, модуларна и неверојатно функционална тотем-ламба ви дава можност да го индивидуализирате секој простор.

lamba3

Испрати коментар

Scroll To Top