Насловна / Вести / ДЗР бара намалување на повластените тарифи за малите хидроцентрали

ДЗР бара намалување на повластените тарифи за малите хидроцентрали

Државниот завод за ревизија побара од државата да направи пазарно прилагодување на повластени тарифи што малите хидроцентрали ги добиваат од производството на електрична енергија.

Во моментов нешто над 100 малихидроцентрали произведуваат електрична енергија, а за тоа од 2012 до 2020 добиле 90 милиони евра. Од оваа сума, 41 милиони евра се повеќе од пазарната вредност на електрична енергија.

„А за сметка на тоа имаме 17 мали хидроцентрали кои не уплатиле ниту денар во буџетот на државата, рече Максим Ацевски, директорот на ДЗР.

25

Во извештајот Експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија е констатирано дека малите хидроцентрали учествуваат  само со 4 отсто во вкупното домашно производство.

„Јавните повици за 61 отсто од доделените концесии се објавени пред донесување на стратешките документи. Постапките за доделување на концесиите, покрај тоа, се водени на основа на стари хидролошки податоци, објави ревизорот Соња Камбовска на презентацијата на извештајот.

Вкупниот надоместок кој пак треба да се плати за концесиите е симболичен. Дури 41 отсто не бил уплатен, а тоа се 22,8 милиони денари.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top