Насловна / Вести / Џеф Безос донира 791 милиони долари за борба против климатските промени

Џеф Безос донира 791 милиони долари за борба против климатските промени

Џеф Безос, моментално најбогатиот човек на светот, објави дека донирал пари на организации и здруженија (вкупно 16) кои се борат против климатските промени.

Сопственикот на Амазон дал вкупно 791 милиони долари и ова, според него, е само почеток на исполнување на ветувањето за финансирање на работата на научниците, активистите и другите групи кои се борат за зачувување на планетата Земја.

bezos1

“Изминатите неколку месеци ги поминав учејќи од група неверојатно паметни луѓе кои ги посветија своите животи во борбата против климатските промени и нивните влијанија врз светот. Инспириран од нивната работа, јас сум возбуден што можам да им помогнам. Драго ми е што денес можам да ги објавам првите корисници на „Фондот Безос за планетата Земја“ – 16 организации кои работат на иновативни и амбициозни решенија. „Сите можеме да ја заштитиме планетата Земја“, се вели во изјавата на Безос.

Повеќе од половина од донациите беа наменети за официјални еколошки организации, вклучувајќи го Фондот за заштита на животната средина, Советот за одбрана на природните ресурси, непрофитната организација за заштита на природата, Светскиот институт за ресурси (WRI) и Светскиот фонд за диви животни.

Лидерите на организациите кои ги добија средствата рекоа дека на почетокот на оваа година се состанале со Безос и неговиот партнер Лоран Санчез за да разговараат што би направиле со грантовите.

“Тој постави многу прашања. Беше јасно дека тој научил сè за климатските промени и дека бил добро упатен во нив. Тој го проучуваше проблемот и беше многу фокусиран да даде се од себе за да помогне “, рече Фред Круп, претседател на Фондот за заштита на животната средина.

Испрати коментар

Scroll To Top