Насловна / Архитектура / Џамијата Nasīr al-Mulk во Иран – извонредна игра на светло и боја

Џамијата Nasīr al-Mulk во Иран – извонредна игра на светло и боја

Постојат бројни џамии низ целиот свет, меѓутоа, една од нив се разликува и е единствена. Тоа е џамијата Nasīr al-Mulk во Шираз, Иран. Од надвор изгледа како конвенционална џамија, но внатре има нешто повеќе. Сместена е во квартот Gawd-i Arabān, а потребни биле речиси 12 години да се изгради (1877-1888) по налог на Mirza Hasan ‘Ali Nasir al-Mulk, за време на владеењето на династијата Qajar со Иран.

1

Објектот е со површина од 2890 квадратни метри. Во дворот на џамијата има голем правоаголен хоз (базен со вода), на северната страна од дворот има Бисерна капија насликана со стихови од Коранот, на источната страна е наосот со седум камени столбови, на јужната се поставени две минариња, додека на западната страна е главната сала на џамијата.

16

Внатрешната декорација на џамијата користи плочки од седум бои – црна, бела, сина, светло сина, црвена, теракота и жолта. Овие бои се типични за архитектурата на Шираз.

Архитектите Muhammad Hasan-e-Memar и Muhammad Reza Kashi Paz-e-Shiraz користеле интензивно  обоено стакло на фасадата и други традиционални елементи како panj kāseh-i (пет вдлабнатини со витражи), кои креираат сцени што го одземаат здивот и во внатрешноста се создава чувство како да се стои во  калеидоскоп. Кога сончевата светлина еднаш ќе продре низ витражите, целата зграда се преплавува со бои на виножито.

17

18

Секој витраж е украсен во различен стил – првиот витраж користи голем број на правоаголни елементи и ромбови, во вториот има голем број на цветни елементи, моделите на третиот личат на калеидоскопски фигури, итн. Фактот дека сите прозорци користат истовремено топли и ладни нијанси создава поголем волумен на боја. Прозорците на главната сала се свртени кон исток, поради што најимпресивната игра на бои и светлина се забележува наутро – на изгрејсонце.

3

14

Поради тоа џамијата се нарекува со многу различни имиња. Најчесто е позната како „Розова џамија“, се нарекува и „Џамија на бои“, „Џамија на виножито“ или „Калеидоскоп џамија“. Ова е простор каде што светлината и обожувањето се преплетуваат.

5

Џамијата оживува со изгрејсонцето и боите танцуваат во текот на целиот ден како вител дервиши. Боите се рефлектира на подот, sидовите, лаковите и високите кули. Тие дури се рефлектираат и на посетителите, како од првиот сончев зрак да е погодена шарена топка и да експлодирала наоколу во илјадници пеперутки.

15

12

2

Оваа прекрасна џамија денес сеуште е под заштита на Фондацијата Nasir al-Mulk. Изградена кон крајот на 19. век, претставува прослава на класичното и модерно време вградено во исламското културно наследство. Ова наследство влече корени од исламската уметност, архитектура, изработка на плочки, геометрија и другите уметности и науки кои процветале во златното доба на Исламот.

8

7

11

4

Испрати коментар

Scroll To Top