Насловна / Вести / ДУП за „Треска“ шанса да се покаже како се уредуваат локации во склад со јавниот интерес

ДУП за „Треска“ шанса да се покаже како се уредуваат локации во склад со јавниот интерес

На 40-тата седница на Советот на Општина Центар, која се одржа вчера, 20.1.2020 до сите Советници беше доставен текстот на инцијативата за распишување Архитектонско урбанистички конкурс за локацијата на фабрика „Треска, која во петокот на 17.1.2020 беше доставена во архивата на општината. Оваа локација е дел од ДУП Буњаковец 2, од јули 2012 година, изработен од ИНПУМА, планер потписник Благоја Тагасовски, планери Блажунка Трпковска, Силвана Вановска, Елена Тагачевска. Да се потесетиме дека овој ДУП е под мораториум.

C:Usersdamjan.cingarski.OPSTINACENTARDocumentsdigitalni izgo

C:Usersdamjan.cingarski.OPSTINACENTARDocumentsdigitalni izgo

И да повториме по којзнае кој пат, зошто мораториум?

Затоа што: не се почитувани Законот за просторно урбанистичко планирање и правилниците кои произлегуваат од него, не се почитувани ниту, со закон пропишани, стандарди и нормативи од областите: заштита и спасување, заштита на животната средина, сообраќај и безбедност во сообраќајот, комунални услуги, заштита на културно наследство и сите останати кои се дел и ги опфаќаат сите аспекти на квалитетно живеење. Параметрите зададени во ГУП-от на Скопје, селективно се исполнуваат или не исполнуваат, со најголеми дискрепанци во бројот на предвидени жители. Не е направен напор за добивање на сите потребни мислења од субјекти, повикувајќи се на пропишаното со закон „Ако не одговорат во даден рок, се смета за позитивно“. Планирањето на просторниот развој на Општина Центар е нерамномерен и со тоа нерамноправен.

За мораториумот кој е продолжуван неколку пати, кој за жал има и свои непријатели, а тоа се: незнаењето, неразбирањето, неправењето разлика што е тоа „квалитетен животен простор“, шпекулантско и примитивно урбанистичко планирање, притисоците од т.н. „урбана мафија“, градоначалникот Саша Богдановиќ многу пати говорел и цврсто стои позади оваа одлука. Меѓу другите изјави за мораториумот, тој вели: „Мораториумот“ може да трае сè додека не се донесат нови планови кои ќе ги исправат сите грешки направени во минатото, но и кои ќе понудат подобри и похумани услови за живеење на нашите граѓани. По „мораториумот“ очекувам конечно да се воведе ред во Општина Центар и реално да ги планираме активностите на Општината согласно новите планови“. Прифакањето на иницијативата за распишување конкурс за споменатата локација на градоначалникот му дава вистинска можност да покаже како се постапува со локации во тешката борба да бидат професионално уредени и во склад со јавниот интерес. А овој потег дава позитивен пример на останатаите градоначалници, како се постапува во напорите да го направиме нашиот град подобро место за живеење и поттик и тие да го следат овој пример.

саша

Заедно со текстот на иницијативата, до советниците беше доставена и листа на граѓани кои покрај асоцијациите и невладините организации индивидуално ја поддржуваат иницијативата, со име и презиме, вкупно 272 на број, од кои голем дел архитекти. Не сите граѓани подржувачи на иницијативата се жители на општината, но станува збор за интерес на градот Скопје како целина, бидејќи општините не се засебни целини или посебни градови кои функционираат независно.

јана

Пред усвојување на дневниот ред на тековната седница, претседателката на Советот Јана Белчева Андреевска образложи, дека сака сите советници да бидат запознаени со иницијативата за да може да се разгледува и да се донесе заклучок по истата на следната седница. Според најавата, следна седница на Совет се очекува во вторник, 28.1.2020. Дополнително, таа извести дека иницијативата е согласна на можноста за граѓанско учество во донесување одлуки како и законот на Локална самоуправа и во склад со надлежностите на Советот на Општина Центар-Скопје. Според тој Закон, Општинските совети донесуваат урбанистичко плански документации во форма на пропис, како прописи кои се од јавен интерес и значење за Општината.

Ако советот по расправата за оваа иницијатива и разгледување на можностите за организација и спроведување на архитектонско урбанистички конкурс донесе позитивен став и заклучок за прифаќање, тогаш следува изработка на програмска задача за локацијата на Треска. Планот за ДУП Буњаковец 2 кој во моментов е во изработка ќе си продолжи, но со исклучување на оваа парцела од планскиот опфат. Секако, параметрите предвидени за овој плански опфат ќе бидат усогласени.

C:Usersdamjan.cingarski.OPSTINACENTARDocumentsdigitalni izgo

Оваа парцела на поранешната фабрика „Треска“ е ретка можност да се покаже дека се слушаат потребите на граѓаните, но и на стручната фела која со конкурс може да се натпреварува со своите идеи и креативни решенија.

Граѓаните, организирани во различни заедници, колективитети, невладини организации (Здравје пред профит во Центар, О2 коалиција, Транспарентност Македонија) како и на индивидуално ниво, професионалци и експерти за овие теми, а од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, институции и факултети стојат зад изнесеното.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top