Насловна / Архитектура / Дрвена 100-годишна штала претворена во пространа куќа

Дрвена 100-годишна штала претворена во пространа куќа

Сместена во Канада, Квебек, дрвена штала е претворена во модерен и удобен дом. За реновирање на овој објект се погрижи студиото „La Firme“, кое ја спасило оваа традиционална зграда од рушење.

stala

Оригиналниот изглед на шталата е сочуван целосно и секое парче материјал на него е повторно користено, пренесува Contemporist.

Бидејќи изгледот на шталите значително се промени, секој елемент на фасадата е нумериран и повторно користен во процесот на реставрација. Старата фасада од дрво заблеска со нов сјај, а ентериерот е направен да одговара на вистинскиот семеен дом.

stala1

Висината од над девет метри значително влијаела на изгледот на целиот простор, кој е отворен и удобен во исто време. Пространоста и отвореноста го направиле воздушна и богата со природна светлина, а широката употреба на дрво го направило удобно и топло.

Нетипичната висина направила сите делови на оваа куќа да се поврзат, а просториите се одделени со греди или стаклени sидови. Трпезаријата и кујната се поврзани, а отворени полици се вградени меѓу потпорните столбови што ги држат садовите.

stala2

Од другата страна на трпезаријата е дневна соба со темен, контрастен ѕид каде се наоѓа каминот, а до него е сместена полица за книги. На овој главен, долен кат има и забавна просторија, во која има базен. Овој дел од куќата е одвоен со стаклен ѕид. Другите делови се поврзани со дрвени или бели скали.

Старата штала, која била подготвена за уривање, денес е претворена во прекрасен објект, целосно функционален за живот и целосно модерно опремен и дизајниран.

stala3

stala4

stala5

stala6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top