Насловна / Вести / Драма на Менхетн, спасување работници како во акционен филм (видео)

Драма на Менхетн, спасување работници како во акционен филм (видео)

Со успешна интервенција на пожарникарите спасени се двајца работници на кои им се откачи скелето на облакодер во Њујорк.

Противпожарната служба во Њујорк соопшти дека службата за итни интервенции добила повик вчера наутро, околу 9 часот и 10 минути, дека двајца работници висат на откачено скеле на висококатница во Долен Менхетн, пренесува WABC-TV.

m2_resize

На снимка од воздух која ја прикажа поменатата телевизиска станица се гледа скеле кое виси, закачено само од едната страна и интервенција на спасувачките екипи.

Бидејќи работниците имале појаси, спасувачите успеале да ги извлечат на сигурно на 20-ти кат.

m1_resize

„Сите компании одлично соработуваа меѓусебе и со нас, ова беше координиран напор“, изјави еден од пожарникарите. „Ова е нешто за што стално тренираме.“

m3_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top