Насловна / Дневни Вести / Русија ќе гради хотел во вселената

Русија ќе гради хотел во вселената

space-hotel-thumb.jpgЛондон – Русија планира да изгради хотел во вселената со капацитет за седум посетители, кои би биле сместени во четири кабини со големи прозори од каде ќе се гледа Земјата. До хотелот ќе се стигнува за два дена со ракетите Сојуз. Pатувањето ќе чини 500.000 фунти, додека за пет дена престој во хотелот ќе бидат потребни уште 100.000 фунти.

 

Хотелот Комерцијална вселенска станица треба да биде отворен во 2016 година и ќе биде покомфорен од Меѓународната вселенска станица што ја користат астронаутите и космонаутите. Во бестежинската состојба, посетителите ќе мора да изберат кревети кои стојат вертикално или хоризонтално.

 

Туристите ќе јадат храна подготвена на Земјата, која ќе се затоплува во микробранова печка. Вода, сокови и чаеви ќе бидат достапни, додека алкохолот ќе биде стого забранет. Тоалетите ќе користат воздух наместо вода, а водата ќе се рециклира.

 

Во случај на криза, хотелот ќе послужи како прифатилиште за астронаутите од Меѓународната вселенска станица. (МИА)

space-hotel.jpg

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top