Насловна / Архитектура / Добро применет минимализам, Цепезед на југот во Холандија

Добро применет минимализам, Цепезед на југот во Холандија

Архитектот и основач на Цепезед, Јан Песман, ја дизајнирал оваа вила за себе и неговата сопруга, а исто така и за своите внуци, во областа Мејендел, во Васенар,  град лоциран во Јужна Холандија, на западниот брег. Васенар, како богато предградие, се наоѓа на 10 километри северно од Хаг на автопатот N44/A44, во близина на брегот на Северното Море.

3-copy-0

Станува збор за типична зграда на Цепезед која ги афирмира своите архитектонски принципи: модуларност, енергетска ефикасност, отсечност дефинирана од стакло, челик, сива и црна боја. Строгата, речиси футуристичка архитектура е во вечен контраст со околината во која, благодарение на нејзините рефлексии, се раствора.

2-copy-0

Конструктивно и естетски е типична градба на Цепезед. Не е воопшто изненадувачки, доколку се земе фактот дека тоа е домот на архитектот Јан Песман, еден од тројцата основачи на Цепезед.

5

Куќата е архетипска интерпретација, со влез до гаражата. Приземјето содржи работна соба, гостинска соба и простран дневен боравок со двојна висина која има стаклени фасади со лизгачки врати од три страни и отворена кујна која се отвора директно во градината. Горниот кат содржи работна соба позиционирана во мансардата, уште една гостинска соба и спална соба.

8

Кон симплифицираната конструкција, се додадени простории, огради, лифтови и други функционални елементи. Куќата е времена конструкција и иако станува збор за бетонски плочи како основа, засеците овозможуваат нејзино отстранување по катови, во случај вилата некогаш да биде урната. Тогаш сите елементи може повторно да се реупотребат.

9

Куќата има правоаголен план со влез до гаражата. На горниот кат има работна соба, гостинска соба и дневна соба со отворена кујна, која се отвора директно во градината поради наклонетиот терен. Горниот кат содржи работна соба во мансарда, друга гостинска соба и спална соба. Во основа станува збор за едноставен волумен, кој ја сумира куќата во стаклена кутија, со мноштво затворени волумени во внатрешноста. Со адекватна просторна организација на овие волумени на подолгата фасада се создава простор за скали и галерии долж спротивната страна.

6

Погледот на внатрешноста на куќата се протега од напред кон назад и од врвот до дното. Има стаклени подови, а ходниците покрај собите оставаат празнина помеѓу преградните ѕидови и оградите. Највпечатлив е надворешниот поглед, кон пејзажот од дини и борови во градината. Централниот простор располага со двојна висина и транспарентни лизгачки врати од три страни; Четвртата страна всушност е задниот ѕид на кујната. Кога се отвораат лизгачките врати, всушност имате чувство како да седите надвор додека сте внатре.

10

Минимализмот функционира само ако е добро применет: бара висок степен на деталност и суптилни завршници. Таков е случајот со овој дизајн. На пример, стаклената врата која се наоѓа на ѕидната површина помеѓу ходникот и дневната соба е опремена со стаклена рачка, која обезбедува ултравиолетова светлина. Приклучоците и светлоните копчиња беа сведени на минимум: контролата на светлината, подното греење и ролетните се врши преку далечински управувач. Останатите инсталации минуваат низ подните штици, додека отстранувањето на мебелот создава отворено поле од фасада до фасада. За проветрување на просторот околу во гостинската соба на горниот кат е поставен подвижен ормар со полици.

7

Студиото на Јан Песман ја зазема репрезентативната страна на вилата кон улицата. Во позадина, овој кат води во градината од дневната соба. Од таму, погледот е уште повеличествен. Овде, транспарентните фасади нудат поглед на дините, додека во далечината, светло сината боја асоцира дека морето е во близина. Површините на гостинската соба на овој кат можат целосно да се отворат, што ја прави дел од работната соба. Двојниот кревет за гости е футуристички скриен во плакар.

11 12

Испрати коментар

Scroll To Top